Камен темелник на почетокот на изградбата на инфраструктурата на Технолошка индустриска развојна зона Скопје 2 беше поставен денеска во економската зона Бунарџик. Добрата транспортна поврзаност, близината до Скопје, како и близината до аеродромот ’Александар Велики’, ќе бидат добра провокација за странските компании. Според него, уредената инфраструктура, како и квалификуваната и евтина работна сила ќе придонесе по завршувањето на светската економска криза компаниите да дојдат и да инвестираат во Македонија. Проектот предвидува во Технолошка индустриска развојна зона Скопје 2, која се протега на површина од 96 хектари, да бидат изградени до 20 фабрики, во кои ќе се вработат околу 5.000 луѓе. Во првата фаза ќе се гради главната сообраќајница, по што ќе следи изградбата на водоводна, атмосферска и фекална канализација. На крајот зоната ќе биде гасифицирана.
Камен темелник на почетокот на изградбата на инфраструктурата на Технолошка индустриска развојна зона Скопје 2 беше поставен денеска во економската зона Бунарџик.
„Добрата транспортна поврзаност, близината до Скопје, како и близината до аеродромот ’Александар Велики’, ќе бидат добра провокација за странските компании“, изјави на свеченоста премиерот Никола Груевски.
Според него, уредената инфраструктура, како и квалификуваната и евтина работна сила ќе придонесе по завршувањето на светската економска криза компаниите да дојдат и да инвестираат во Македонија.
Проектот предвидува во Технолошка индустриска развојна зона Скопје 2, која се протега на површина од 96 хектари, да бидат изградени до 20 фабрики, во кои ќе се вработат околу 5.000 луѓе.
Во првата фаза ќе се гради главната сообраќајница, по што ќе следи изградбата на водоводна, атмосферска и фекална канализација. На крајот зоната ќе биде гасифицирана.
Технолошка индустриска развојна зона Скопје 2 е продолжение на Технолошка индустриска развојна зона Скопје 1, па според премиерот, ќе се разгледаат опциите дали таа ќе функционира засебно, или како една зона.
Рокот на изведба е една година. Работите ќе ги изведува „Гранит“, а целиот зафат ќе чини околу 3,5 милиони евра, пари обезбедени од Буџетот на државата.